Тасевски по пет години се збогува со Тајланд, ќе потпише со Славија Софија

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски ја заврши авантурата во Тајланд и како што изгледа ќе се врати да игра фудбал на Балканот.

Фудбалерот од средниот ред кој има 34 години последната сезона ја мина во тајлансдски Кон Каен, а по пет години минати во азиската земја, реши дека е време да се врати поблиску до дома. Медиумите од Бугарија велат дека Тасевски веќе се договорил со Славија Софија и дека на располагање на тимот ќе му се стави на подготовките во Турција.

Тасевски на Тајланд покрај за Кон Каен играше уште и за Суфанбури и Бангкок Глас, а претходно беше дел од израелска Шмона, бугарски Левски, украински Металург Запорожје, како и македонските тимови Вардар и Цементарница 55.

За репрезентацијата на Македонија, Тасевски има одиграно 43 меча.