• Мартин Танасковски

Некогашниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски ќе остане да биде дел од стручниот штаб на Левски Софија и во иднина, а ќе соработува со стратег од Србија.
Желба на левскарите е Александар Станојевиќ кој треба да пристигне како наследник на Станислав Генчев кој си замина. Останатите асистенти си заминаа од Левски со тренерот, но не и Тасевски, кој единствен остана во клубот.
Левски замина на зимска пауза на четвртото место на табелата со 40 бода, но тоа е ист број на бодови како второпласираниот Ботев и третопласираниот Черноморе. Лидер на табелата е Лудогорец.