Тасевски: Не стартувавме според планот, но можеме да изненадиме во Тетово

Екипата на Работнички во наредното коло од ПМФЛ ќе се соочи со Шкендија. „Романтичарите“ не играат по планот оваа пролет, а тренерот Жикица Тасевски вели дека тетовчани се фаворити пред својата публика, но не ја исклучува можноста „романтичарите“ да изненадат.

„Ги увидовме грешките, работевме на нивно елиминирање и се надевам дека тимот ќе се претстави во многу подобро издание. Со еден поинаков пристап, со поголема желба, максимално залагање и пред се задржување на концентрацијата во текот на целиот натпревар, треба да дојдат и посакуваните резултати. Не стартувавме оваа пролет според посакувањата и ќе мора да се подобриме во сите сегменти. Шкендија е актуелен првак и лидер на табелата и сигурно е фаворит на домашен терен, но ние веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и да стигнеме до позитивен резултат“, изјави Тасевски.

Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички се игра на Градскиот стадион во Тетово, в сабота од 14:30 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 35 24 7 4 78:26 52 79
2 ВардарВардар 35 17 12 6 44:22 22 63
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 35 17 6 12 44:34 10 57
4 РаботничкиРаботнички 2 35 13 7 15 42:47 -5 46
5 ШкупиШкупи 1 35 12 9 14 38:41 -3 45
6 РеноваРенова 1 35 11 11 13 50:47 3 44
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 35 11 11 13 42:49 -7 44
8 СилексСилекс 35 10 11 14 25:38 -13 41
9 БеласицаБеласица 35 9 11 15 36:47 -11 38
10 ПобедаПобеда 35 6 5 24 25:73 -48 23