Тасев: Пресреќен сум како сум примен, Дунав Русе се темели на млади фудбалери

Македонија нема многу интернационалци во бугарскиот шампионат, па големо изненадување беше трансферот на младиот Стефан Тасев во Дунав Русе. 20-годишниот македонски голман за првпат во кариерата ќе има интернационален предизвик. 

Тој беше претставен во бугарскиот клуб и не го криеше задоволството од предизвикот.

„За мене е задоволство што ќе бидам дел од екипата на Дунав. Пресреќен сум од начинот на кој сум примен во тимот, па тоа е само мотив повеќе за мене да го дадам максимумот за овДунавој тим и да помогнам да ги реализира своите цели. Ми се допаѓа што тимот се темели на млади фудбалери, па верувам дека брзо ќе се адаптирам на новата средина“, истакна Тасев по промоцијата во новиот клуб.

Тасев во досегашната кариера настапуваше за Работнички, Вардар, Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.