Тасев го реши Вардар, Академија Пандев е пионерски Куп-победник

Пионерите на Академија Пандев се победници во пионерска конкуренција во фудбалскиот Куп на Македонија, откако во финалето го совладаа Вардар (1-0).

Во еден крајно борбен меч со многу шанси, погодени пречки и стативи и долга неизвесност, до победата дојде тимот на Академија Пандев кој погоди пред самиот финиш. Човек на одлука на средбата во Охрид беше резервистот Никола Тасев, кој погоди во 78. минута.

Асистент на погодокот беше Бобан Тасевски, кој одлично мина неколку фудбалери и го проигра Тасев, а тој биеше во спротивниот небранет агол на вардаровиот голман Матеј Андов. Во финишот Вардар се обиде да дојде до изедначување и пенали, но недостасуваше завршницата.

Кај помладите пионери шампион стана Шкендија, која по пенали беше подобра од Работнички.