• Иван Димовски

Фудбалската репрезентација на Македонија ја дочека Шкотска во натпреварот од третото коло на Лигата на нациите. Средбата на Националната арена „Тодор Проески“ се одигра пред навистина скромна бројка на домашна публика.
Лошите резултати придонесоа интересот да е смален, па на трибините имаше само неколку илјади фанови. Македонија забележа два пораза од Швајцарија (0-3) и Словенија (2-0), па со „нула“ на контото го дочека овој меч.
На предизвикот одговорија Шкотланѓаните. Популарната „Татран Армија“ допатува во Скопје со над 3.000 навивачи. Гостите кои патуваа дури од Островот до Скопје речици целосно исполнија три блока од нашиот најголем стадион.
- Интонирањето на шкотската химна во Скопје:
Вреди да се напомене дека и Шкотска е во резултатска криза, бидејќи има четири натпревари без победа. На стартот на циклусот во Лигата на нациите ремизираа со Словенија (0-0) и загубија убедливо од Швајцарија (0-3).






