Таре го носи Бојан Миовски во Лацио за 2,5 милиони евра?

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра одлично за шкотски Абердин и е примамлив за екипа од Серија А.

Како што пишуваат медиумите од Италија, Миовски е мета на Лацио. „Небесно-сините“ бараат напаѓач, а на листата на спортскиот директор Игли Таре се наоѓа македонскиот репрезентативец и тој е негова голема желба.

23-годишниот Миовски одигра 20 средби за Абердин сезонава и успеа да постигне 11 гола, што го прави сериозна опција за тимот во чии редови тренер е Маурицио Сари.

Сумата која Лацио е подготвен да ја плати за Миовски е 2,5 милиони евра.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.