ВИДЕО: Тапсоба си постигна ретко виден и комичен автогол на Африканскиот Куп

Репрезентацијата на Мали се сретна со Буркина Фасо во осминафиналето на Африканскиот Куп на нации, а таму се случи еден неверојатен и комичен автогол, кој се случи уште во третата минута од натпреварот. 

Напаѓачот на францускиот Амиен, Абдул Тапсоба, несмасно изреагира по еден одличен удар на Малижаните и на помалку неверојатен начин ефектно ја затресе својата мрежа. Ваквите авто-голови се гледаат навистина ретко, а публиката остана во неверување, додека навивачите на Мали се радуваа на постигнатиот погодок.