Тандина: Имаме четири порази во низа, мечот со Работнички ни е многу важен

Екипата на Шкупи играше одлично во есенскиот дел од сезоната, но четирите порази во низа оваа пролет речиси и да ги исфрлија чаирчани од борба за место во ТОП-3 и сигурно европско лето. 

Следен предизвик за Шкупи ќе биде натпревар со Работнички, тим кој исто така е во криза и промени тренер, а мечот го најави Махарафа Тандина. Фудбалерот од Мали вели дека дуелот со „романтичарите“ е од голема важност за Шкупи, поради лошата форма.

„Почнавме многу добро во пролетниот дел од сезоната, но сега имаме четири порази зад нас. Следниот меч против Работнички е од посебна важност за нас, затоа што сакаме да се вратиме на победнички колосек. Несомнено, ние сме мотивирани за оваа пресметка, имаме добар квалитет и имаме зацртано наши цели кои сакаме да ги оствариме до крајот на сезоната. Верувам дека ќе го направиме она што треба да го направиме на овој натпревар, а тоа е да победиме", изјави напаѓачот на Шкупи.

Натпреварот меѓу Шкупи и Работнички се игра в недела од 15:30 часот на стадионот „Чаир“, а главен судија ќе биде Дејан Јакимовски.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 РаботничкиРаботнички 5 2 1 0 1 3:2 1 3
2 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 1 1 0 0 2:1 1 3
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 2 1 1 0 0 2:0 2 3
4 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 1:0 1 3
4 РеноваРенова 1 1 0 0 1:0 1 3
6 ШкупиШкупи 5 2 1 0 1 2:2 0 3
7 ШкендијаШкендија 1 0 0 1 0:1 -1 0
7 СилексСилекс 1 0 0 1 0:1 -1 0
9 БорецБорец 1 0 0 1 0:2 -2 0
9 ВардарВардар 1 0 0 1 0:2 -2 0