ВИДЕО: Тандемот Павловиќ-Сотириу функционира, Копенхаген во Скопје доаѓа со победа

По домашното реми во првото коло, шампионот на Данска и противник на нашиот Вардар во третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите, Копенхаген ја извојува првата домашна победа во данскиот шампионат. Воочи гостувањето во Скопје, екипата на Столе Солбакен го совлада тимот на Рандерс со 0-3 (0-1) во дербито од второто коло на данската лига.

Кипарскиот интернационалец Пјерос Сотириу уште во 9. минута ги доведе гостите од главниот град на Данска во водство со 0-1. Предноста на 0-2 ја зголеми Андрија Павловиќ во 62. минута, а Павловиќ со својот втор гол во судиското надополнување го постави конечниот резултат. Копенхаген натпреварот го започна во следниот состав: Олсен, Боилесен, Луфтнер, Јохансон, Бенгстон, Куст, Квигст, Грегуш, Вербиќ, Павловиќ, Сотириу. Во вториот дел шанса добија и Матиќ, Томсен и Аманква. 

 

Првиот натпревар од третото коло меѓу Вардар и Копенхаген се игра во вторник од 20.00 часот на „Телеком арената“.