ВИДЕО: Танц на Тотенхем на „Гудисон Парк“, со ШЕСТ гола го понижи Евертон

Екипата на Тотенхем ја забележа една од најдоминантните победи во англиската Премиер лига оваа сезона и на гостувањето кај Евертон успеа да слави со 2-6 (1-3).

Во дуелот паднаа осум гола, а иако Евертон прв поведе, дожвиеа голем неуспех. Тотенхем само се налути по стартното водство на домаќинот, па демонстрираше сила и го понижи на „Гудисок парк“.

Резултатот се отвори во 21. минута, кога по две пропуштени шанси на обете страни, погоди Тео Волкот. Евертон во 26. минута постигна и втор гол, но беше поништен поради прекршок, па една минута подоцна, голманот Пикфорд направи катастрофална грешка и му дозволи на Сон да изедначи на 1-1.

Потоа следеше комплетната доминација на Тотенхем. По две промашени шанси на Кејн и Сон, пресвртот го направи Деле Али во 35. минута. Пред финишот на првиот дел погоди и Кејн за 1-3, а „покерот“ го направи Кристијан Ериксен, во 48. минута.

Вториот утешен гол за Евертон падна во 51. минута кога реализира Сигурдсон, а потоа Сон ја имаше клучната улога на теренот, кога прво вторпат се запиша во листата на стрелците, во 61. минута, за потоа, во 74. минута одлично да асистира до Кејн, за конечни 2-6.

Тотенхем е на третото место во Премиер лигата и има четири победи во низа. Евертон, пак, пет кола не знае за успех и е на средината на табелата.