ВИДЕО: Танц на Јармоленко и Конопљанка, Украина ја „потопи“ Албанија

Репрезентацијата на Украина забележа висока победа на пријателскиот натпревар против Албанија и го совлада противникот со сигурни 1-4 (0-3), на меч кој се играше во швајцарски Винтертур.

Украинците беа доминантни, тргнаа офанзивно уште од стартот и дојдоа до посакуваниот резултат. На теренот танцуваа Јармоленко и Конопљанка, кои постигнаа по два гола и воедно меѓусебно си асистираа.

Конопљанка даде голови во 31. и 90. минута, додека Јармоленко погоди во 36. и 45. минута. Јармоленко воедно забележа и две асистенции, додека Конопљанка го проигра својот соиграч само еднаш. Утешниот гол за Албанија беше дело на Ндој во 89. минута.