Тамба: Оваа победа многу ќе ни помогне пред дуелот со Хибернијан

Шкендија оствари важна победа против Вардар со резултат 0-2 на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скоpje, во рамките на второто коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). 

Сенегалецот Фабрис Тамба беше апсолутен херој во големото дерби на македонскиот фудбал. Тој влезе како резерва и со два гола донесе победа за Шкендија. По натпреварот не го криеше задоволството од перфектното попладне.

„Ова беше тежок натпревар поради временските услови, бидејќи беше многу топло. Во второто полувреме влеговме со поинаков менталитет. Покажавме дека сакаме да победиме, и го направивме тоа.

Но од сега па натаму, мислам дека мора да останеме цврсто на земја и да се фокусираме на четврток, бидејќи нè очекува многу важен натпревар. Денес ја немавме можноста да ги имаме нашите навивачи со нас, но ќе ги имаме во четврток и ќе го дадеме нашиот максимум. Оваа денешна победа многу ќе ни помогне“, рече Сенегалецот.

Дуелот меѓу Шкендија и Хибернијан се игра в четврток на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.