• Мартин Танасковски
Екипата на Шкендија дојде до предност во дуелот со Јагјелонија на стартот на второто полувреме.
Течеше 49. минута, кога по еден корнер кој го изведе Роналдо Вебстер, највисок во скокот беше Лиридон Љатифи за голема радост на домашната публика.
За Шкендија ова е втор европски гол, по оној со Шелбурн во првото коло, но прв кој го дадоа фудбалерите на тимот затоа што претходниот беше автогол.





