Талха Идризи доби договор од косовскиот првак Балкани

Младиот македонски фудбалер Талха Идризи официјално е дел од косовскиот првак Балкани, од кого доби договор за време на зимските подготовки.

18-годишниот Идризи кој настапува во средниот ред, но може да игра и како крило во нападот, доби договор од тимот од Сува Река до јуни 2024 и направи важен чекор напред во кариерата. Играчот играше пријателски натпревари, па го убеди тренерот Илир Даја во неговите квалитети.

Идризи досега беше дел од македонскиот фудбал. Тој е производ на школата на Работнички во која играше скоро шест години, а потоа играше и за Вардар. Исто така беше дел и од тимот на Шкупи, како и од амбициозниот второлигаш Гостивар.

Зад своето име Талха Идризи има и настапи за У16, У17 и У18 репрезентациите на Македонија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.