Талески со нов интернационален ангажман, потпиша за грчка Лариса

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давор Талески, ја заврши авантурата во Хонка и се реши кариерата да ја продолжи во Грција, односно во тимот на Лариса

23-годишниот голман не беше задоволен од статусот кој го имаше во финскиот тим и го раскина договорот, а на новиот клуб не чекаше многу, бидејќи експресно се договори со грчкиот прволигаш и потпиша две и пол годишен договор. 

Талески, својата професионална кариера ја започна во 2012 година, како член на 11 Октомври, за потоа да ги носи дресовите на Металург, Брегалница и Победа