ВИДЕО: Талески и одбраната подарија зицер, но Мухарем промаши од невозможна позиција!

Малку фалеше Ренова уште во шестата минута да го отвори резултатот против битолски Пелистер. 

По еден незгоден центаршут на Шала, голманот Талески и одбранбените фудбалери не комуницираа најдобро и му подарија зицер на домашниот офанзивец Мухарем, но младиот фудбалер на Ренова успеа да промаши од неверојатна позиција од само неколку метра. 

  • Промашениот зицер на Мухарем против Пелистер:

Поради освежување на тревникот на „Градскиот стадион“ во Тетово, денешното дерби меѓу Ренова и Пелистер се игра во Гостивар.