Талентот Трпевски доби професионален договор од Црвена Звезда

Младиот талент на Црвена Звезда, Лука Трпевски, официјално потпиша професионален договор со клубот и се очекува во иднина да добие значајна улога во редовите на белградскиот гигант. 

„Овој момент многу ми значи. Сакам да им се заблагодарам на клубот за дадената шанса. Се чувствувам прекрасно. Мојот сон од мали нозе е еден ден да истрчам на теренот на прекрасната „Маракана“ и да заиграм за овој славен клуб“, изјави Трпевски. 

15-годишниот Трпевски се смета за еден од најголемите македонски таленти, настапува во средниот ред и е дел од пионерската екипа на „црвено-белите“. Тој воедно е најмладиот македонски фудбалер кој добил професионален договор со овој српски клуб. 

Првите фудбалски чекори ги направи во Вардар, а во Црвена Звезда пред две годинин дојде од добро познатата школа на Македонија Ѓорче Петров.