Талентот на Комо ја „откачи“ Шпанија и ќе игра за родниот Сенегал

Талентираниот фудбалер на Комо, Асане Диао, реши да ја „откачи“ Шпанија, за која настапуваше во младинските категории и на сениорско ниво ќе ги брани на својата родна земја, Сенегал. 

Диао одигра четири меча за младинската селекција на „фуријата“ и сите очекуваа да добие повик од селекторот Луис Де Ла Фуенте, но очигледно младиот играч имал поинакви планови, со кои ги израдува сите фанови во татковината. 

Дел од шпанските медиуми пишуваат дека Диао се исплашил од жестоката конкуренција во сениорскиот тим на европскиот шампион, а во дресот на Сенегал сигурно ќе има многу поголема шанса за настап и сериозна минутажа. 

19-годишниот Диао е „дете“ на шпанскиот Бетис и успеа да заигра во првиот тим, но во јануари реши да премине во Комо за сума од 12 милиони евра. Во италијанската Серија А постигна дури пет гола во првите десет одиграни натпревари.