• Саше Љолес

Управата на прволигашот Струга Трим Лум обезбеди два важни потписи за иднината, склучувајќи договори со двајца домашни таленти, Албан и Флоријан Рочи.
Стружани веќе се засилија со неколку играчи од Македонија и од странство, а сега потпишаа професионален договор со двајцата млади играчи кои настапуваат како десен бек и десно крило.
Поранешниот македонски шампион минатата сезона ја заврши на четвртата позиција и не обезбеди излез во Европа, но амбициите за следната кампања се секако многу повисоки.
Струга е во екот на летните подготовки, во овој период има закажано уште четири пријателски натпревари кои ќе помогнат за темпирање на формата во пресрет на новата сезона.





