• Сашо Поповски

Талентираниот македонски голман Васко Василев кариерата ќе ја продолжи во екипата на Рио Аве од Португалија.
У19 репрезентативецот на Македонија заминува од Црвена Звезда. Сега ќе добие шанса да се докажува во португалскиот фудбал и да го покажува својот огромен талент.
18-годишникот доаѓа од школата на Вардар. Од македонскиот гигант замина во Динамо Врање, каде беше забележан и ангажиран од „црвено-белите“ од Белград.
Рио Аве е дел од најсилната португалска лига Примеира. Моментално има само една победа и стои на 14-то место на табелата.