Талентираниот Максимов се обврза на тригодишен договор со Работнички

Максимов

Екипата на Работнички ја засили сениорската екипа со младиот талент Методи Максимов.

16-годишникот стави потпис на тригодишна соработка и ја доби довербата на Александар Влахо и управата на „романтичарите“. Добрите игри и формата во младинските категории му донесоа награда и можност за докажување во првиот тим.

Почетокот на сезоната за тимот од Дебар маало беше неуспешен. Фудбалерите одиграа значително под своето ниво и загубија на гости кај новалијата Струга Трим Љум.

Во следното коло Работнички ќе брка први сезонски бодови на домашен терен против Шкупи.