Талентираниот македонски голман Василев се пресели во Црвена Звезда

Еден од најпреспективните македонски голмани, Васко Василев, својот фудбалски занает ќе продолжи да го учи во соседна Србија, откако во иднина ќе ги брани боите на Црвена Звезда

Василев, иако има само 15 години, благодарение на својата напорна работа како и одличните настапи за македонската репрезентација до 14 и 15 години го привлече вниманието на српскиот гигант, кој на крај се реши да му понуди стипендиски договор, кој подоцна беше прифатен од страна на нашиот голман. 

Во последните две години Василев беше дел од Академијата на ФФМ, а претходно тренираше уште за Металург и Вардар. Во сезоната 2014/15 беше награден со признанието за најдобар голман во детската лига на Фудбалската федерација на Македонија