• Горан Упале
Талентираниот македонски фудбалер Давид Ангелевски го напушти Пелистер и пред себе ќе има нов интернационален предизвик. Младиот играч за врска се сели во соседна Србија, каде што во иднина ќе ги брани боите на тимот на Спартак Суботица.
Ангелевски со своите настапи во дресот на Пелистер во минатиот шампионат привлече внимание кај повеќе клубови од Македонија и регионот, а на крај одлуката падна да се пресели во Суботица. Иако е на почетокот од кариерата, тој веќе е стандарден член на младите репрезентативни селекции на Македонија и е капитен на репрезентацијата до 19 години.
Минатата сезона 18-годишниот фудбалер настапи на единаесет натпревар за Пелистер во ПМФЛ, а своето деби во сениорскиот фудбал го имаше во декември 2024 година против Работнички.
Со овој трансфер, Ангелевски по вторпат во својата карира ќе има можност да игра во странство, откако претходно како 16-годишник ги бранеше боите на Олимпија Љубљана. Покрај Ангелевски од Пелистер многу веројатно ќе си замине и Филип Бошковски.

