Талентираниот Адмир Љатифи по Беса ќе заигра за хрватски Осијек!

Талентираниот Адмир Љатифи својот фудбалски развој ќе го продолжи во хрватскиот прволигаш Осијек

18-годишникот кој веќе зад себе има 41 настап во ПМФЛ играјќи за Беса и Македонија Ѓорче Петров замина на својот прв интернационален предизвик. Тој настапува на крилните позиции, а може да игра и зад напаѓачите. Освен во наведените клубови, тој како младо момче тргна преку школата на Њу Старс, а во таборот на „лавовите“ се пресели во 2022.

По распадот на Беса, Љатифи си најде нов ангажман и тоа ќе биде во Хрватска. Останува да видиме дали Осијек ќе му даде веднаш шанса во првиот тим или пак Љатифи ќе заигра во младинскиот погон собирајќи искуство за иднината. 

Инаку. Адмир Љатифи е младински репрезентативец на Македонија, во моментов член на селекцијата до 19 години.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.