• Иван Димовски
Ленс остана во трката за титулата во Лига 1, откако во 32. коло минимално го совлада Нант со 1-0 на домашен терен.
Херој на домаќините беше младиот Мезиан Соареш, кој го постигна победничкиот погодок во 79. минута, само неколку секунди по влегувањето во игра. Талентираниот фудбалер роден во 2009 година одлично реагираше по асистенцијата на Булатовиќ и донесе огромна победа за својот тим.
Со овој триумф Ленс остана на три бода зад ПСЖ, кој има и натпревар помалку, но воедно и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
- Извештај од натпреварот:
Од друга страна, поразот значи и дефинитивно испаѓање на Нант во Лига 2.






