Талаков е замената за Фазлагиќ во Жилина

Талаков

Македонскиот младински репрезентативец Мартин Талаков оваа зима ја проомени играчката средина.

Од редовите на Подбрезова замина на позајмица во екипата на Жилина. Се очекува тој да го замени Енис Фазлагиќ, кој потпиша со Висла Краков.

Талаков дебитира во ПМФЛ со Академија Пандев, а потоа доби шанса за докажување и во Борец.

18-годишниот офанзивец е второто зимско засилување за Жилина.