Така прават во Африка: Редарите сериозно си ја сфатија задачата! (ВИДЕО)

На Африканскиот Куп на нации сè е поинаку од каде било на друго место. Дури и претресот на навивачи на влезот на стадионот.

Купот на нации (КАН) и оваа година досега донесе неверојатни пресврти, прослави, смеа и солзи... Но, ни донесе и нешто на што не сме навикнати. Претресот на влезот на стадионот не е ништо ново. Напротив. Тоа е едноставно нешто што се зема здраво за готово и низ кое секој навивач рутински го поминува.

Редарот ќе ги пребара џебовите, ќе ја погледне чантата дали има нешто, ќе постави рутински прашања и ќе ги пушти. Освен во Африка. 

Таму тоа ќе го направи личност во воена униформа, и тоа крајно темелно и посветено. Видеото од влезот на стадионот во Брегот на слоновата коска стана вирално на социјалните мрежи.