Тах го раскрваре Мбапе, а Арбелоа се чуди: Како немаше црвен картон? (ВИДЕО)

Реал Мадрид беше поразен со 1-2 од Баерн Минхен во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. 

Баварците поведоа со головите на Луис Диаз во 41. и Хари Кејн веднаш по паузата во 46. минута, додека Мбапе намали во 74. минута и остави надеж за реваншот.

Сепак, неколку минути претходно се случи спорен момент. Џонатан Тах грубо стартуваше врз Французинот, го нагази над зглобот и го оттурна, а англискиот судија Мајкл Оливер му покажа само жолт картон. Одлуката предизвика бурни реакции кај „кралевите“, особено откако на фотографиите се виде дека Мбапе има раскрвавена потколеница и искинати чорапи.

По натпреварот, Алваро Арбелоа јавно реагираше и порача: Како судијата не виде црвен картон за стартот врз Мбапе?“.

Оваа ситуација дополнително ја подгреа атмосферата пред реваншот во Минхен, каде Реал ќе мора да ја надомести негативата.