Тадиќ за Митровиќ: Му се лутам што игра во Чемпионшип, тој заслужува поголем клуб

Капитенот на српската фудбалска репрезентација Душан Тадиќ откри дека му предложил на раководството на својот Ајакс да го доведат Александар Митровиќ. Тадиќ и Митровиќ одлично соработуваат во репрезентацијата – капитенот е најдобар асистент, а „Митра-гол“ најдобар стрелец.

Токму двајцата фудбалери добија нови признанија во својата земја, откако „Златната топка“ за најдобар фудбалер на Србија во 2021 година заврши кај Тадиќ, додека Митровиќ ја доби наградата „Златен гол“.

„Се знаеме во душа. Александар точно знае што ќе се случи кога ќе ја имам јас топката, исто како што јас знам каде е тој кога ќе ја примам топката. Се договараме на теренот и надвор од него. 

Јас го предложи, но беше малку скап. Во иднина сè може да се случи. Сакам да го видам Митра во голем клуб. Тој го заслужува тоа. И често му се лутам што игра во Чемпионшип, иако е среќен во Фулам. Сепак, со своите човечки и играчки квалитети - заслужува поголем клуб“, рече Тадиќ.

Митровиќ игра неверојатна сезона во дресот на Фулам и со 22 гола од исто толку натпревари е прв стрелец во Чемпионшип.