ВИДЕО: Тадиќ во 92. минута го спаси Ајакс од пораз во големото дерби против ПСВ

Екипата на Ајакс ја прекина победничката серија во Ередивизе, ама ја сочува бодовната предност во однос на ПСВ Ајндховен, откако денешното големо дерби на холандскиот фудбал не даде победник.

Двата најтрофејни клубови во Холандија одиграа супер-атрактивно и возбудливо дерби, кое на крај заврши со поделба на бодовите (1-1), па така „копјаниците“ останаа на +5 во однос на големиот ривал.

Херој на шампионот беше српскиот ас Душан Тадиќ, кој во самиот финиш, односно во 92. минута беше концентриран од белата точка и со прецизен удар не дозволи болен пораз на својот тим. Претходно, резлтатот го отвори Захави, кој на ПСВ предност му донесе во 32. минута.

Ајакс во следното коло против Гронинген ќе има прва шанса да им се врати на победите во шампионатот, додека ПСВ би требало да има лесна задача на гости кај Фортуна Ситард.