Тадиќ: Селекторот постојано ни повторува дека интелигенцијата победува

Репрезентацијата на Србија в четврток од 20:00 часот ќе го одигра првиот натпревар на овогодинешното Светско првенство, каде во групата Г ќе се сретне со Бразил. 

Капитенот на српската фудбалска репрезентација Душан Тадиќ изјави дека селекторот Драган Стојковиќ побарал од играчите да играат интелигентно и со глава.

„Уште од неговото доаѓање, селекторот нагласува дека играме интелигентно, дека играме со глава, дека доминираме, дека имаме добра идеја. Сите веруваме, селекторот ни пренесува, дека интелигенцијата победува. Сè е важно, вклучувајќи ја и храброста, агресивност, борбеност, но добра топка, добро додавање, тоа е она што ја прави најголемата разлика“, изјави Тадиќ.

Овие две селекции и на претходниот Мундијал играа меѓусебе, а „кариоките“ извојуваа победа од 2-0.