Тадиќ крунисан за најдобар фудбалер на Ередивизие

Капитенот на Ајакс и српската репрезентација, Душан Тадиќ, ја доби наградата за најдобар фудбалер на холандската Ередивизие. Тадиќ минатата сезона ја освои „двојната круна“ со клубот од Амстердам, со ефект од 17 гола и девет асистенции.

Србинот победи во конкуренција на Дави Класен, Стивен Берхуис и Јоргос Јакумакис.

Минатата сезона Ајакс ја освои шампионската титула, победувајќи ја конкуренцијата на жилавиот ПСВ Ајндховен. Сепак, „филипсовците“ се реваншираа и го освоија Суперкупот на Холандија. 

Се очекува Тадиќ да ја заврши кариерата во Арената „Јохан Кројф“, а потоа да стане тренер на помладите категории. Пред да дојде во Амстердам, Србинот настапуваше за Твенте и Саутемптон.