ВИДЕО: Тадиќ ја загуби присебноста - тргна да се пресмета со соиграч

Екипата на Ајакс викендов славеше на гостувањето кај Херенвен со 1-3, во натпревар од 26. коло на Ередивизие. Сите четири голови беа постигнати во вториот дел, а на крајот од првиот капитенот на гостите ги загуби нервите и влезе во конфронтација со соиграчот Дест. 

  • Караницата меѓу Тадиќ и Дест:

По три врзани првенствени порази тимот од Амстердам конечно освои бодови и одржа чекор со Алкмар кој ги искористи противничките киксови. Овој испад на српскиот офанзивец само ја покажа немоќта на Ајакс во последните три кола кога загубија од Утрехт, Алкмар и Хераклес.