ВИДЕО: Тадиќ го реши „Дер Класикер“, Ајакс му побегна на Феенорд

Феенорд и Ајакс се судрија во популарното „Дер Класикер“ кое важи за еден од најголемите дуели во холандскиот фудбал и истиот заврши со победа на гостите (0-2) кои се и актуелни прваци во Ередивизие.

Како никогаш во изминатите последни години се води битка за врвот во Холандија. ПСВ, Ајакс, Феенорд и АЗ Алкмар се блиску бодовно, а триумфот во ова дерби е од големо значење за „копјаниците“ посебно по поразот од претходното коло од АЗ.

  • Извештај од натпреварот:

Човек на натпреварот беше срспскиот фудбалер Душан Тадиќ. Првиот гол на дербито беше автогол кој во 44. минута си го постигна Сенеси, а го „намести“ Србинот, а потоа, токму тој од белата точка во 81. минута ги постави конечните 0-2.

Ајакс со овој триумф му избега на Феенорд и има 39 бода. Се наоѓа на второто место, пред големиот ривал со 36 бода. Лидер е ПСВ Ајндховен со вкупно 40 бода.