Тадиќ е втор најефективен фудбалер во Европа, на врвот неприкосновен е Меси

Меси Тадиќ

Србинот Душан Тадиќ е еден од играчите кои ја одбележаа овогодишната сезона во европските лиги.

Заедно со својот Ајакс приреди неколку изненадувања во Лигата на шампионите, а во Ередивизие е на чекор да ја освои шампионската титула.

Токму формата на 30-годишникот е најзаслужна за успехот на „копјаниците“. Тој бележи фантастични бројки зад своето име. На секој натпревар постигнува барем еден гол или запишува асистенција што го прави втор најефективен фудбалер во Европа.

Со 36 гола и 24 асистенции на 55 одиграни натпревари, српскиот репрезентативец заостанува само зад Лионел Меси од Барсеона. Аргентинскиот ас има 48 погодоци и 22 асистенции во досегашниот дел од сезоната во кој беше дел од 47 меча.

На третото место е Килиан Мбапе (41 натпревари - 36 гола, 17 асистенции), а во првите пет место најдоа уште Роберт Левандовски (45 натпревари - 38 гола, 18 асистенции) и Манус Дабур од Салцбург (46 натпревари - 35 гола, 15 асистенции).