ВИДЕО: Тадиќ е голем човек – за потегот кој го направи долго ќе се зборува

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ и неговиот Ајакс славеа на гости кај Хераклес (0-2), а потегот кој напаѓачот го направи по натпреварот ги одушеви сите и ги преплави сите холандски медиуми.

Пред крајот на мечот, Тадиќ го напушташе теренот. Додека чекореше крај линијата, еден од фоторепортерите му го побара дресот. Србинот веднаш се врати назад, па му го даде во знак на почит и за спомен.

  • Моментот на дуелот во Ередивизие:

Ајакс го искористи киксот на ПСВ кој ремизира со Ден Хаг (2-2) и се одлепи на врвот со шест бода повеќе.