Тадиќ: Дојде еден човек и ни украде сè! (ВИДЕО)

Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ, беше видно разочаран и без влакна на јазикот по вчерашниот натпревар со Челзи кој заврши 4-4. Иако Ајакс водеше со 1-4, во еден напад дури двајца играчи добија црвен картон згора на сè Челзи во истиот напад доби и пенал. 

Српскиот ас во микс зоната по натпреварот сериозно го обвини главниот судија Џанлука Роки.

„Би требало да разговараме за нашата игра, имавме 4-1 и контрола врз натпреварот, а тогаш еден човек ни украде сè. Разочаран сум. Требаше да зборуваме за тоа како Ајакс игра добар фудбал, но не можеме поради човекот кој ни го украде моментот", изјави Тадиќ.

Спорниот момент на натпреварот се случи во 68. минута кога Блинд стартуваше над Абрахам, а во продолжението на акцијата топката го погоди Велтман во рака поради што двајцата беа исклучени и Челзи доби пенал.

  • Клучниот момент и двете исклучувања:

Тадиќ изјави дека до сега во својата кариера не видел тројна казна како вчера во Лондон. 

„Ја гледавме ситуацијата. Прво имаше прекршок над Блинд, потоа тој не заслужи црвен картон, а ниту Велтман не го заслужи, ниту пеналот не беше најубедлив. Никогаш во животот не сум видел тројна казна, никогаш", револтиран беше капитенот на Ајакс.

Србинот смета дека Роки пропушти да досуди прекршок над Блинд, но потоа санкционираше се што можеше.

„Сè почна со фаулот над Блинд него го удри Пулишиќ. Ова е големо разочарување за нас. Не сакам изговори, не сакам да зборувам за други луѓе, треба да зборуваме како Ајакс беше подобар од Челзи, но не можеме, бидејќи играга ни беше уништена", заврши Тадиќ.

  • Изјавата на Душан Тадиќ по натпреварот:

Ајакс, Челзи и Валенсија имаат по седум бода на две кола до крајот на групната фаза на Лигата на шампионите.