ВИДЕО: Тадиќ човек на одлука, минималец на Ајакс на гости во Ротердам

По големиот триумф во Турција над Бешикташ во Лигата на шампионите, екипата на Ајакс им се врати на домашните обврски и продолжи онаму каде што застана минатиот викенд. Холандскиот шампион впиша уште ден триумф во Ередивизие, откако славеше минимална победа на гости кај Спарта Ротердам.

Момците на Ерик Тен Хаг важеа за големи фаворити на овој дуел и очекувањата беа уште една убедлива победа, но новите три бода беа освоени со само еден погодок. Ајакс доминираше од првата до последната минута и мечот го заврши со 74% посед на топката, но потфрли во реализацијата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Човек на одлука за „копјаниците“ беше српскиот ас Душан Тадиќ, кој на додавање на Данило во 36. минута го постигна единствениот погодок на мечот.

Со оваа победа Ајакс останува на лидерската позиција во домашниот шампионат со 33 бода и неверојатна гол разлика од 43 постигнати и само два примени гола. На второто место е ПСВ Ајндховен со 30 бода, но и натпревар помалку.

Состави

Henk Fraser

4-2-3-1

    Ерик тен Хаг

    4-4-2