Тадиќ: Бразил е класа, ние мора веќе да мислиме на Камерун

Можеби беа преголеми очекувањата на српскиот национален тим дека можат да им се спротистават на бразилските ѕвезди на мундијалски натпревар. Само едно полувреме траеше отпорот на момците на Стојковиќ, кои подоцна потклекнаа против „кариоките“ (2-0), 

Капитенот на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ, беше разочаран по поразот од Бразил. Фудбалерот на Ајакс смета дека тимот сега треба да размислува само за претстојниот натпревар против Камерун.

„Бразил е светска класа. Добро се браневме во првото полувреме и можевме да им се заканиме со неколку напади, но не ни одеше. Првиот гол им даде крилја и им стана полесно, бидејќи моравме да се отвориме и да почнеме да напаѓаме. Жал ни е за поразот, но мора да размислуваме за следниот натпревар“, изјави Тадиќ.

Србија никогаш не ја поминала групата на Светско првенство, а последен пат играла мундијалски елиминационен натпревар во Франција 1998 година под името СР Југославија. 

Состави

Тите

4-1-4-1

    Драган Стојковиќ Пикси

    3-4-3