Тадиќ: Бевме најефикасни во нашата група, но примивме дури осум гола...

Тадиќ

Србија не ги исполни своите и очекувањата на фановите и го заврши настапот на Мундијалот во Катар уште во групната фаза.

Капитенот Душан Тадиќ неколку дена по последниот натпревар даде коментар за случувањата во Катар.

„Тешко е да се даде вистинска оцена бидејќи имаше и добри и лоши работи. Да се ​​постигнат пет гола, најмногу во нашата група, е многу добра бројка, но ако примиме осум е многу за нокаут фаза. Во однос на прикажаното и направеното, би рекол дека сме некаде на средина што се однесува до скалата од еден до пет“, смета офанзивецот.

Медиумите „удрија“ по селекторот Драган Стојковиќ, кој се чини ќе ја продолжи својата работа со српската репрезентација и во иднина ќе биде дел од националниот тим.