ВИДЕО: Свирежи за Блан и Лион, Стразбур ја впиша само втората победа во Лига 1!

Фудбалерите на Лион повторно ги разочараа своите фанови, бидејќи не го одбранија домашниот терен и на затворањето на денот во Лига 1 загубија од Стразбур со минимални 1-2 (1-2). 

  • Лион - Стразбур 1-2:

Тимот на француската легенда Лоран Блан имаше целосна доминација во текот на сите деведесет минути, испрати преку дваесет удари кон противничкиот гол, но без резултат. На спротивната страна, пак, аутсајдерот ги искористи своите шанси и ја забележа само втората победа оваа сезона.

Творци на истата беа Жан-Уде Ахолу и Хабиб Диало со голови во 29. и 32. минута, додека почесниот погодок за Лион го постигна Лаказет во судиското надополнување од првиот дел. Така, поранешниот француски шампион врза три натпревари без победа во домашното првенство, а гостинот на три бода се радува по пауза од три месеци, кога триумфираше над Анже.

Попладнево на „Велодром“, домашниот тим на Олимпик Марсеј извојува сигурна победа над Лориент од 3-1 и ја продолжи позитивната серија во шампионатот.

  • Олимпик Марсеј - Лориент 3-1:

Стрелци на победата на тимот, предводен од Игор Тудор беа Колашинац, Санчез и Верету, додека за гостите единствениот погодок го постигна Мофи, за водство од 0-1.

Состави

Жереми Бреше

4-3-3

    Патрик Виеира

    5-3-2