Свилар: Рома има одличен почеток на сезоната, сонот е шампионската титула!

Голманот на италијанската Рома, Миле Свилар, во изјава за медиумите на „чизмата“ рече дека сонува да ја освои шампионската титула во Серија А, иако знае дека тоа е многу тешка мисија. 

Чуварот на мрежата стана важна алка од тимот на „волчицата“, со која очигледно има големи амбиции и сака да се искачи на тронот во елитниот италијански фудбал. 

„Во Рома се чувствувам како дома, Рим е прекрасен град со многу историја и разни приказни. Имаме супер колектив, кој е подготвен да оди скалило погоре. Имаме жестока конкуренција во лигата, но сите сонуваме да се искачиме на нејзиниот трон.

Тоа е тешка мисија, но не е неостварлива. Имаме солиден почеток на сезоната, сакаме да продолжиме во ист стил“, рече Свилар. 

Рома во моментов е на второто место на табелата во Серија А. Во следното коло ќе го има првиот сериозен тест во сезоната, кога ќе го пречека тимот на Интер од Милано

ФОТО/PHOTO: AS Roma