Свилар одбил двојно поголема плата од Галатасарај и потпишува нов договор со Рома

По многу преговори, прашањето е решено - Миле Свилар потпишува нов, петгодишен договор со Рома. Најдобриот голман во Серија А ќе има можност да ја оправда неодамна освоената награда, но и да учествува во Лигата на Европа на УЕФА.

Наводно, српскиот голман се согласил за сите услови за продолжување на соработката, а официјално соопштение од клубот може да се очекува во наредните денови.

Имаше информации дека српскиот голман се подготвува за трансфер во Турција, но се чини дека ова бил само начин да се забрзаат преговорите за продолжување на соработката со „волчицата“. 

Тој имал понуда од Галатасарај на маса, каде што би имал речиси двојно поголема плата отколку во Рома. Сепак, Свилар на крајот одлучил да остане дел од италијанскиот фудбал и да изгради кариера преку во една од најдобрите лиги во светот.