ВИДЕО: Свилар херој во пенал-рулетот, Рома го надигра Феенорд за осминафинале во ЛЕ

Екипата на Рома го совлада Феенорд во шеснаесетфиналето од Лига Европа дури по подобро изведување пенали, откако резултатот во регуларното време заврши со конечни 1-1 (4-3). Тимот на Даниеле де Роси биеше голема битка со холандскиот претставник, но на крајот успеа да обезбеди учество во осминафиналето. Првиот холандски првак на Европа трета година по ред е елиминиран од „волчицата“ во европските клупски натпреварувања. 

Првото полувреме донесе многу возбуда за публиката, а најпрво се израдуваа малубројните гостински навивачи. Феенорд поведе со 0-1 преку Сантијаго Хименез во петтата минута, но Рома бргу возврати преку Лоренцо Пелегрини, кој со силен и прецизен удар израмни на 1-1 десетина минути подоцна. Овој резултат остана и на паузата меѓу двете полувремиња. 

„Волчицата“ тргна фуриозно на стартот од вториот дел и имаше шанса преку Дибала, но изостана реализацијата. Феенорд повеќе мислеше на дефанзивата и се обидуваше преку контра напади да дојде до евентуално изненадување, но резултатот до крајот остана непроменет и мечот замина во продолженија. Вреди да се напомене дека Рома во регуларните деведесет минути само еднаш биеше во рамките од голот, а тоа беше ударот на Пелегрини за израмнување во првото полувреме. 

Во продолженијата не просведочивме на премногу возбудливи моменти, иако Рома имаше две солидни шанси во последните десет минути преку Залевски и Лукаку. Тренерот Де Роси го освежи тимот со четири замени, но до крајот остана истиот резултат и победникот мораше да биде решен во пенал-рулетот. Лукаку го промаши ударот во втората серија, но на сцена стапи одличниот Миле Свилар, кој одбрани два пенали во серија и тоа се покажа како клучно за конечниот триумф на Рома со резултат 4-2. 

На останатите натпревари играни вечерва, Олимпик Марсеј го совлада Шахтјор со 3-1 и обезбеди учество во осминафиналето, Спортинг од Лисабон прогресираше во двомечот со Јанг Бојс со вкупни 4-2 откако вечерва ремизираше со 1-1, додека Спарта Прага го совлада Галатасарај со убедливи 4-1 и со вкупни 6-4 патува меѓу шеснаесетте најдобри во второто по ранг натпреварување на УЕФА. 

Состави

Клаудио Раниери

4-3-3

    Brian Priske

    4-2-3-1