Светското првенство во Катар ќе започне ден порано од предвиденото?

Катар СП

Домаќинот на Светското првенство 2022, Катар, сака да игра на отворањето на турнирот оваа зима. Тоа е причината поради која фудбалскиот спектакл би можел да започне ден порано од предвидениот датум.

Официјалниот распоред вели дека катарската репрезентација ќе истрча на теренот во третиот натпревар. Пред нив планирано е да играат Холандија - Сенегал и Англија - Иран.

Доколку има промена во последен момент, само еден меч ќе биде закажан во неделата (20 ноември). Ништо не би се променило во понатамошниот тек на Мундијалот. Финалето е закажано за 18 декември.

Сепак, посакуваната промена на распоредот сè уште не е конечна. Советот на ФИФА со првиот човек Џани Инфантино и претседателите на континенталните асоцијации допрва треба да се договорат.