Светските медиуми: Катастрофа за Инфантино, каков дебакл за ФИФА...

Со мечот меѓу домаќинот Катар и Еквадор беше означен почеток на уште едно Светско првенство, околу кое се кренаа големи полемики.

Уште од доделувањето на домаќинството, светските меидуми пишуваа за лошиот избор на ФИФА. Ова е прв турнир кој се одржува во овој период од годината, што е проблем за клубовите, кои прават пауза во невообичаен момент и ризикуваат да останат без своите најголеми ѕвезди за остатокот од сезоната.

Најпознатите медиуми продолжија со своите критики и по свечената церемонија за отворање на Мундијалот. Според „Марка“, „Л'Екип“, „Шпигел“, „Гардијан“, „Ла Република“ и многу други, домаќинот на СП 2022 разочара веќе на првиот меч, кој беше одигран пред не целосно полни трибини.

Фановите заминуваа од стадионот пред последниот судиски свиреж, со оглед на поразот на Катар. Немањето фудбалска култура беше една од причините поради која светот беше против организација на светски собир во оваа држава.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, пред турнирот испрати моќна порака до Европа и западниот свет. Меѓутоа, медиумите од овој дел од светот дочекаа да му одговорат по само еден натпревар од СП 2022.

Состави

Феликс Санчез

3-4-3

    Густаво Алфаро

    4-4-2