Светскиот рекордер ги поместува границите, ќе продолжи да игра фудбал и на 47 години

Легендарниот 45-годишен голман Фабио го продолжи договорот со Флуминенсе до крајот на 2027 година. Овој момент значи дека светскиот рекордер по број на одиграни натпревари дополнително ќе ја помести таа граница.

Фабио го надмина англиската легенда Питер Шилтон минатото лето и стана играчот со најмногу официјални настапи во историјата на светскиот фудбал.

Тој не се откажува, туку продолжува понатаму и сега одлучи да потпише нов договор со Флуминенсе, и ќе брани дури и на 47 години. Во изминатите четири сезони, тој одигра 261 натпревар и беше еден од клучните играчи во историските успеси.

Со овој клуб го освои најважниот трофеј во неговата богата кариера, Копа Либертадорес во 2023 година. Покрај ова, тој ја освои и титулата победник на Копа Рекопа во 2024 година и две последователни титули шампион на Кариока во 2022 и 2023 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.