Светски рекорд: Настапи на 48 меча и пропушти само 25 минути во цела сезона

Клупскиот фудбал полека завршува во елитните лиги, а сезоната ја одбележи словачкиот фудбалер Давид Ханцко кој ги брани боите на холандски Феенорд и тоа поради импресивен податок.

26-годишниот дефанзивец ги одигра сите 48 натпревари за тимот од Ередивизие во сите натпреварувања, што е апсолутен светски рекорд. На нив даде седум гола и додаде уште три асистенции.

Оваа сезона Словакот не играше само 25 минути, затоа што мораше да биде направена измена во 70. минута на мечот против Цволе. Вкупно, тој одигра 4.325 минути од можни 4.350 минути за Феенорд.

Од вкупниот биланс, Ханцко одигра 34 натпревари во холандскиот шампионат, уште шест во Лигата на шампионите, па две во Лига Европа, пет во Купот на Холандија, како и еден во Суперкупот. Настапи во вкупно пет различни натпреварувања.