Светски првак со Италија седна на клупата на словенечки прволигаш

Мауро Герман Каморанези ќе седне на клупата на словенечки прволигаш Табор Сежана. Како што веќе беше најавено, сега и клубот го официјализираше Италијанецот со аргентинско потекло во нов стратег. 

  • Официјална потврда од клубот: 

Каморанези потпиша договор со клубот до 2021 година, менувајќи го Алмир Сулејмановиќ. Табор се наоѓа на осмата позиција во првенството на Словенија, а пред поранешниот светски првак е тешка борба за опстанок во лигата. 

Инаку за поранешниот играч за врска ова ќе биде четврти тренерски ангажман, по авантурите во Мексико и Аргентина.